Муслиманското братство планира во Шпанија да го отвори првото исламско училиште
Исламистичкото движење Муслиманско братство планира да го отвори првото исламско училиште во Шпанија, пишува денеска весникот „Конфиденсиал“.
Според весникот, предвидено е образовната установа да почне со работа во Валенсија.
Во проектот се веќе инвестирани два милиона евра за купување терен на 15 минути од третиот по големина град во Шпанија според бројот на жители, по Мадрид и Барселона.
Движењето сепак има потреба од дополнително средства за опремување на школото и за ангажирање професори.
Се очекува во училиштето да учат околу 800 деца од предучилишна возраст па нагоре. Освен општите предмети во училиште ќе се предава и арапси јазик и предмети поврзани со религијата.
Реализирањето на оваа идеја му е доверена на Исламскиот фонд за Шпанија - Коегзистенција и интеграција, чии членови го поддржуваат Муслиманско братство.
Претседателот на Фондот, Фаузи бен Месуад сепак тврди дека неговата организација нема ништо заедничко со исламистичкото движење, кое во голем број држави се смета за терористичка организација.
Во Шпанија, која вкупно има 46,4 милиони жители, живеат 1,8 милиони муслимани и секоја година забележано е зголемување на нивната бројка.
Ново на Сител
-
Пожарот во Тетовско и понатаму активен откако се разгоре два часа пред полноќ
-
Лажна дојава за бомба на скопскиот аеродром
-
Путин: Разговорите „се одржаа во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“
-
Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина
-
Трамп по средбата со Путин: Многу сме блиску до договор за Украина
-
На „Табановце“ за излез од државава се чека околу 30 минути, на „Богородица“ 40 минути
-
Дачиќ: Шест полицајци беа повредени во протестите, 38 лица се приведени
-
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за нестабилно време