Муслиманско братство ќе има свои претставници во јорданскиот Парламент

Исламистичкото движење Муслиманско братство ќе има свои пратеници во Парламентот на Јордан, покажуваат прелиминарните резултати од изборите што се одржаа во вторникот.
Исламистите освоиле најмалку 16 од 130-те места во Законодавниот дом на Јордан.
Муслиманското братство, кое е најдобро организирана политичка сила во Јордан, ги бојкотираше претходните избори поради спорниот изборен систем, со кој им се дава предност на руралните реони во однос на градовите, каде оваа организација е најсилна.
Претставникот на Муслиманско братство, Заки Бани Рушеид изјави дека движењето ќе бара соработка со други партии, со цел да формира ефективна опозиција.
Во Јордан всушност не постои владејачка партија, а Владата ја именува кралот. Во Парламентот преовладуваат провладини племенски лидери, бизнисмени и поранешни безбедносни службеници. Обично пратениците се избираат со ветувања да решат локални, а не национални проблеми.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
