Муслиманските гробишта во Виена не дозволуваат погребување на терористи
Муслиманските гробишта во 23. виенска општина одбија да го погребаат Кујтим Фејзулаи, кој на 2 ноември изврши терористички напад во главниот град на Австрија.
– Алах ќе се пресмета со него. Но, и ние чувствуваме потреба нешто да направиме, изјави управникот на гробиштата Али Ибрахим.
Муслиманските гробишта во Австрија постојат од 2008 година и на нив би требало да биде погребан Фејзулаи, кој уби четири лица и повреди повеќе од 20 луѓе.
– Тој е убиец, кој уби невини луѓе и со тоа им нанесе штета на сите муслимани, посочи Ибрахим.
Тој додаде дека за одлуката е информирана исламската заедница, која го поддржала. Ибрахим посочи и дека другите верници изјавиле дека не сакаат да бидат погребано покрај убиец.
Фејзулаи, кој беше убиен по нападот од страна на полицијата, Сега тој може да биде погребан на муслиманските гробишта во покраината Форарлберг или во Северна Македонија, од каде е по потекло.
Ново на Сител
-
ИДФ: Над 350 илјади Палестинци евакуирани од градот Газа
-
Луксембург најави признавање на палестинска држава
-
Ноќеска голем пожар подметнат во сервис за возила пред Пинтија
-
Меѓународна конференција за односите меѓу Западен Балкан и Кина
-
Зеленски упати барање до Трамп и предупредување до НАТО
-
Продолжува судењето за случајот „Онкологија 2“ против Нино Васев и Нехад Нухи
-
Аксиос: Израелската армија започна копнена офанзива за освојување на градот Газа
-
Трамп: Не знаев за израелскиот напад врз Катар