Муса Џафери: Или оставка на Груби или војната во ДУИ ќе ескалира
Оставка на првиот вицепремиер Артан Груби и уште неколку министри или пак, лидерот Али Ахмети да ги смени, во спротивно војната во ДУИ ќе ескалира. Ако Ахмети мисли дека ова може да се развлече преку средби со ограноци и да трае со месеци, ако мисли дека може да не надмудри тогаш е во грешка бидејќи така нема да се решат проблемите, вели ден од членовите на „огнената група“ во ДУИ, Муса Џафери во изјава за „Слободен печат“.
Артан Груби барем малку ако го слуша незадоволството во партијата од него, самиот треба да се повлече од функциите прв вицепремиер и министер за политички систем. Освен него, оставки од функциите треба да поднесат и други министри или Ахмети да ги смени. Во спротивно ќе има политичка војна во ДУИ. Ако Ахмети мисли дека ова може да се развлече преку средби со ограноци и да трае со месеци, ако мисли дека може да не надмудри тогаш е во грешка бидеќи така нема да се решат проблемите. Не може политичките проблеми и барања во партијата да се решаваат со средби со членови од ограноците, вели Џафери.
Ново на Сител
-
ОН: Еден од најсмртоносните денови за цивилите во Украина годинава
-
ЦУК: Пожар во куќа кај катлоновско Блаце
-
Студенти од Ниш утре пеш тргнуваат за Белград
-
Во Париз демонстрации за женски права
-
24-годишник осомничен за продолжено семејно насилство врз жена и деца
-
Демонстрантките во Турција на Меѓународниот ден на жената бараат заштита од семејно насилство
-
Телефонски разговор Рубио-Сибиха: Трамп сака да стави крај на војната
-
Гостиварец полово ја вознемирувал малолетната ќерка на неговата вонбрачна сопруга