Муртезани: Предвремени избори при стабилна влада се несериозни изјави за дневна политика
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани не гледа причина за нови предвремени избори заедно со локалните при стабилна влада.Според него, тоа се несериозни изјави од страна на ДУИ за дневна политика.
-Не гледаме никаква причина за избори имајќи предвид дека Владата има скоро двотретинско мнозинство. Прво, нема ниту еден потрес Владата, ниту една криза за да идните локални избори се одржат заедно со парламентарните. Што се однесува до вмешувањето на Ахмети и ДУИ во целата приказна, тоа многу ми наликува на она кога бевме во основно образование и кога некои само еднаш во месецот ќе научеа една лекција и кога професорот ќе прашуваше кој е спремен, очите му ги вадеа на професорот дека се подготвени за тој ден. Така што, мислам дека тие изјави се несериозни и се изјави што бараат внимание бидејќи очигледно не се научени да бидат во опозиција, рече вечерва Муртезани во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
Во однос на Извештајот на ЕК за напредокот на државата, Муртезани вели дека генерално сликата е пресликана со претходната година со мали корекции во однос на земјоделските политики, рибарството.
-Колку политичките влади и да се служат со дневна политика , мислам дека извештајот се прави за државата и сите препораки се во корист на државата. Во извештајот не се оценува работата на Владата, туку се оценува работата на државните институции и генерално на системот. И затоа треба да гледаме што сме наследиле, што треба да подобриме и каде да стигнеме, вели Муртезани.
Најавува онлајн платформа на која дневно ќе се следи имплементацијата на реформите од реформската агенда усогласена со ЕУ.
Ново на Сител
-
Македонската федерација за дигање тегови денеска оствари средба со Балканската вејтлифтинг федерација
-
Тајсон му залепи шамар на Џејк Пол во последното соочување | ВИДЕО
-
Зеленски следната недела ќе претстави план од 10 точки за внатрешна безбедност
-
Четири пожари на отворено изминатото деноноќие
-
Продолжува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025
-
Од денеска задолжително поседување зимска опрема
-
Продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-
Седница на Комисијата за социјална политика, демографија и млади