-->
-->
Мурињо за Сари: Ги има сите услови да заврши добра работа
-->
Новиот менаџер на Челзи, Маурицио Сари ги има сите услови да заврши добра работа на „Стемфорд Бриџ“. Ова е оценката на поранешниот менаџер на тимот од Лондон и актуелниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо.
Медиумите на Островот очекуваат со интерес какви ќе бидат односите меѓу двајцата, мислејќи на тензиите меѓу Специјалниот и претходникот на Сари - Антонио Конте.
- Не го познавам. Кога бев во Италија во периодот 2008-2010 година, тој не беше во Серија „А“. Никогаш не сум го сретнал или играл против неговиот тим. Јас само го следам фудбалот и знам за добрата работа која тој ја има направено во последно време во Наполи. Сите добри тренери имаат желба да дојдат во Англија. Ова е луда трка на највисоко ниво, така што секој сонува да има шанса да дојде тука. Тој има фантастичен тим од фантастични играчи. Мислам дека ги има сите услови да заврши добра работа, рече Мурињо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европските лидери донесоа 4 заклучоци/услови за мир во Украина
-
Тема на денот со деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна, Миле Маркоски
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза