Мурињо селектор на Индонезија?!
Државниот врв на Индонезија изразил желба нов селектор на фудбалската репрезентација на оваа земја да биде Жозе Мурињо. Ова го изјави министерот за спорт Имам Нахрави кој веќе разговарал и со претстедателот на државата Џоко Видода и дека втора опција е познатиот холандски тренер Гус Хидинк.
„ Разговаравме за Мурињо но тоа не е едноставно. Нашиот селеткор мора да биде странец додека асистентот би бил домашен тренер. Платата на Мурињо се движи од 13 до 16,5 милиони евра годишна а врска ни е претседателот на Интер Ерик Тохир “ обелодени индонезискиот министер.
Интересно е ешто ФИФА минатата година го суспендираше ФС на Индонезија поради мешањето на Владата во локалната прва лига. За Мурињо интерес покажаа и Сиријците но факт е дека овие желби се тешко остварливи особено кога се говори дека Португалецот има преддоговор со М.Јунајтед. ИНдонезија е на 185-тото место на рејтинг листата на ФИФА а во 2023 година заедно со уште три земји ќе биде домаќин на Азискиот куп.
Ново на Сител
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај
-
Изборната кампања за двојните избори влегува во втората половина
-
Денеска е Цветници
-
Демократскиот сојуз ќе го одржи седмиот Конгрес
-
Во центарот на Куманово ќе биде откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Најмалку пет лица загинаа во торнадо во јужна Кина
-
Зеленски: На Украина и требаат најмалку седум ПВО системи „Патриот“
-
Сончево и релативно топло