-->
-->
Мурињо: Никој нема гарантирано место во тимот
-->

Тренерот на Челзи, Жозе Мурињо на прес-конференцијата во пресрет на натпреварот против Порто од 2.коло во Лигата на шампионите изјави дека во неговиот тим нема играч со гарантирано место во првите единаесет.
- За да му биде местото во тимот гарантирано на фудбалер на Челзи, тој мора да биде константен во играта. Може да биде фантастичен играч, но мора да биде константен. Ние имаме фантастични играчи кои ни ја донесоа минатогодишната титула, но во фудбалот важно е само она што се случува денес, за вчера не се зборува, нагласи Мурињо.
Португалскиот стручњак додаде дека е задоволен од тимот што го има на располагање, но потенцира дека играчите мора да покажат поголема ментална сила на секој натпревар.
- Во фудбалот мора да се биде постојано добар на теренот и сигурен кога станува збор за емоциите. Не може стално да се победува, но во секој натпревар, мора да се биде ментално силен. Во овој момент, јас немам недопирливи и сигурни играчи во тимот, рече Мурињо алудирајќи на досега стандардните играчи.
Изјавата на Мурињо доаѓа по слабиот старт на Челзи во Премиер лигата и 14. место на табелата по седум одиграни рунди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка
-

Мерц го повика Иран да не го проширува конфликтот во Ирак и да ја прекине блокадата на Ормуска Теснина
-

УНХЦР: Поради обновениот конфликт во Јемен повеќе од 100.000 луѓе се внатрешно раселени
-

Куќа во Карпош продадена за 1,5 милиони евра, квадратен метар во Центар достигна 3.360 евра – највисоки цени во првото полугодие
-

Победа за Јанев по голема борба на ЕП за тенисери и тенисерки до 18 години
-

32-годишен скопјанец исчезнал во Охрид - се трага во вода и на копно
-

ОН: Пронаоѓањето стотици тела под урнатините во Газа ги засилува сомнежите за воени злосторства
-

Жена во Драчево ранета од заталкан куршум додека седела во својот двор
