-->
-->
Мурињо не сакал да се врати во Реал, сака во Јунајтед
-->
Жозе Мурињо одбил да се врати во мадридски Реал, бидејќи имал желба по завршувањето на сезоната да го преземе кормилото на Манчестер Јунајтед. Весникот El Pais, објави дека Мурињо бил прв избор на претседателот на Реал, Флорентино Перез, но Португалецот ја одбил понудата, надевајќи дека ќе го наследи Ван Гал на клупата на Јунајтед.
Според весникот, Перез го контактирал Мурињо откако тој доби отказ во Челзи, потоа се случил уште еден разговор помеѓу двете страни, но Португалецот не ја прифатил понудата да се врати на „Сантијаго Бернабеу“.
Одбивањето на понудата од страна на Мурињо била причината зошто Рафа Бенитез ја доби довербата да го води Реал и во декември. Бенитез, во понеделникот сепак доби отказ, откако тимот продолжи да игра во лоша форма и да бележи просечни резултати.
Играчката легенда на Реал, Зинендин Зидан, кој му беше помошник на Карло Анчелоти и го предводеше Б тимот на Реал (Реал Кастиља), е човекот кој го наследи Бенитез.
Кога станува збор за Мурињо, тој беше тренер на Реал три сезони (2010-2013), а последните месеци од неговиот мандат минаа во тензична атмосфера. Португалецот ја загуби довербата во соблекувалната, а директно е одговорен за вжештувањето на односите со големиот ривал Барселона.
Исто така, Мурињо, влезе во директен конфликт со иконата на Реал, Икер Касиљас, чија кариера од тој момент се движи по надолна линија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Со највисоки државни почести во Вашингтон почна погребот на Џими Картер
-
МНРиНТ: Изјавата на Костадинов е недолична, очекуваме да биде отфрлена од официјална Софија
-
Почина еден од тешко ранетите во масакрот во Цетиње
-
МЖСПП: Институциите се мобилизираат и координираат согласно „Акцискиот план за грејната сезона 2024 -2025“
-
Трамп за пожарите го обвини гувернерот на Калифорнија и го повика да поднесе оставка
-
Јаневска за дискриминацијата на ученикот од Миравци: Ќе се работи повеќе на почитување на личните права и на различностите
-
Општините од утре можат да аплицираат за грантови за развој на социјални услуги на локално ниво
-
Образованието и науката во 2025 година со рекорден буџет од 38 милијарди денари, најави министерката Јаневска