Муижниекс загрижен за застојот во процесот на помирување на Западен Балкан
Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Нилс Муижниекс, изрази загриженост поради застојот на процесот на помирување во земјите од Западен Балкан каде што преовладуваат етничките и другите поделби, се вели во извештајот по посетата на регионот.
- Овие застои особено се однесуваат на одбивање геноцид, воздигнување на воените злосторници и обидите да се рехабилитираат лицата вклучени во злосторствата извршени за време на војните во 90-тите од минатиот век. Освен тоа, поделбите се интензивираа со историскиот ревизионизам поврзан со Втората светска војна, со запалливите говори на некои политички водачи и постојаното продолжување на етничките сегрегација во образованието, пишува Муижниекс во последниот коментар за човекови права објавен денеска, се вели во соопштението на Советот на Европа.
Муижниекс вели дека е крајно време политичките водачи од регионот да почнат да работат заедно за да се справат со проблемите од минатото и да изградат заедничка визија за иднината.
И покрај постигнатиот напредок досега, останува уште многу да се направи, наведува Муижниекс.
- Сегашните знаци на регресија во регионот ризикуваат да го загрозат напредокот што е постигнат досега. За да се спречат овие негативни трендови, а потпирајќи се на лекциите од минатото, сите политички актери треба да ги стават настрана своите краткорочни политички цели и да се фокусираат на зајакнување на социјалната кохезија наместо зајакнување на етничките поделби , напиша тој.
Ново на Сител
-
Цените на становите растат побрзо од платите, новите мерки на НБРМ ќе им помогнат на младите
-
Тема на денот со Урлих Цајтел, професор и советник во ЦДУ
-
Гувернерот најави поволни кредити за граѓаните кои прв пат ќе купуваат стан
-
Интерна комисија ќе истражува – колку операции на срце имало во државни и приватни болници од 2022 -2025 година
-
Експерти: Родители да не очекуваат по секоја цена нивното дете да биде професионален спортист
-
ВРЕДИ со пријава со Обвинителството - да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи
-
СДСМ: Ѓорѓиевски молчи за чаирските дивоградби
-
Барање за нов мандат