Мухиќ: Изјавата на Хан на сметка на претседателот Иванов е арогантна, никој не може да дели лекции на претседател на држава
Сакам сосема кратко да изразам еден вид протест во одбрана на достоинството на сите наши институции во државата. Имено, на Македонија и е потребно и има неприкосновено право за меѓународно почитување, истакна на денешната собраниска седница пратеникот Ферид Мухиќ.
-Иритиран сум од вчерашната арогантна изјава на Јоханес Хан на сметка на претседателот на една самостојна, суверена држава Република Македонија. Не може да дели лекции никој на претседатели на држави без оглед каков е ставот. Тоа е суверено право на институциите и граѓаните на таа држава и вакво непримерено делење лекции јавно го покажува неговиот став кон Македонија, со оваа изјава покажа минимум почитување односно никакво почитување и мислам дека мораме да се залагаме за достоинството. Ако треба ќе бидеме ние најголеми критичари на секој наш претставник, но апсолутно не смееме да допуштиме нерушување на нашето достоинство и суверенитет, нагласи Мухиќ.
Пратеникот побара поддршка од колегите и во идните ситуации да бидат усогласени за вакви прашања без оглед какви се нивните ставови.
Ново на Сител
-
ЦУК: Четири активни пожари, три под контрола
-
Трамп нагласи дека имал „многу добар разговор“ со европските лидери
-
Шефот на НАТО вели дека Европа и Трамп се обединети во напорите за завршување на војната во Украина
-
Пожарите во Албанија не стивнуваат, најкритично во Делвина и Финиќ, опозицијата бара прогласување вонредна состојба
-
Вучиќ најави дека нема да се кандидира на следните избори
-
Венс: Трамп ми рече дека има мисија да го врати мирот во Европа
-
ЦУК: Пожар од поголеми размери избувна кај Октиси, авион на ДЗС на пат кон локацијата
-
Полицаец во Кичево физички нападнал повикано лице во полициска станица