Свет
25. November 2015 - 22:41

Муфтијата го шокираше Путин: Русија да ги анексира Сирија, Израел и Мека

Главниот муфтија на Централната духовна управа на муслиманите во Русија, Талат Таџудин упати шокантен предлог до претседателот на Русија Владимир Путин - со Сирија и Израел да се постапи исто како што постапи со Крим.

- Кога разговарав со претседателот Владимир Путин му предложив да постапи со Сирија и Израел исто како што направи со Крим. Претседателот тоа го сфати како шега, рекол Таџудин. 

После тоа муфтијата отиде чекор понапред па предложи Русија заедно со Сирија и Израел со благослов од Алах да ја анексира и Мека со цел луѓето да живеат во мир и хармонија. И на ова еден ден од публиката се насмеала, меѓутоа Таџудин бил сериозен. 

Откако медиумите почнале да ја пренесуваат изјавата на муфтијата пристигнало соопштение дека Таџудин се шалел.