Свет
3. August 2020 - 21:18

Трамп прогласи вонредна состојба во Северна Каролина поради Исајас

Американскиот претседател Доналд Трамп прогласи вонредна состојба во Северна Каролина пред пристигнување на бурата, за да се овозможи пристап до федералните фондови со цел да се координираат напорите за помош на градовите и населбите.

Метеоролозите предупредуваат на закани од поројни дождови и силни ветрови, додека тропската бура Исајас се пробива кон источниот брег на САД, со очекување дека може да стигне до копното вечерва, некаде долж границата меѓу Северна и Јужна Каролина.

Националниот центар за урагани соопшти дека Исајас треба да остане подалеку од брегот додека минува покрај Флорида преку ноќ и Џорџија во текот на денот.

Рано денеска, Исајас носеше ветрови со максимална брзина од 110 километри на час, а се очекува дека ќе остане силна тропска бура и во моментот кога ќе стигне до копното.