„Мудрословија“, нова книга од Стојан Тарапуза

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Мудрословија“ од Стојан Тарапуза. Издавач на делото е издавачката куќа „Панили“ од Скопје.
За најновото дело на македонскиот поет и писател за деца беседа ќе одржи проф. д-р Кристина Николовска, а извадоци од книгата ќе интерпретира Антонио Павловски.
Стојан Тарапуза (Злетово, 1933) е водечко име во современата македонска литература за деца и младинци. Автор е на триесетина стихозбирки, високо вреднувани од страна на критиката и од бројните читатели.
Добитник е на повеќе книжевни награди во Македонија и во странство. Негови дела се преведени на албански, српски, словенечки, бугарски, турски, руски, украински, словачки, полски и на други јазици.
Ново на Сител
-

Почнува дебатата за буџетот
-

Мицкоски: СДСМ работи на штета на Алта банка Битола
-

СДСМ: Савески да постапи за Алта банка
-

И во месец ноември Охрид има посетители
-

Климатските промени го менуваат земјоделството
-

Преглед на вестите од светот
-

Ива Михаилова избегала од државата по козји патеки?!
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
