„Мудрословија“, нова книга од Стојан Тарапуза
„Мудрословија“, најновата книга од Стојан Тарапуза денеска беше промовирана во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“-Скопје. Издавач на делото е издавачката куќа „Панили“ од Скопје.
За најновото дело на македонскиот поет и писател за деца беседа одржа Кристина Николовска.
- Тарапуза е великан на современата македонска поезија, крал на поезијата за деца и млади. Тој е бард на оваа литература оти сиот свој творечки век и го подарува нејзе, вели Николовска.
Според неа, книгата „Мудрословија“ е круна на сиот досегашен творечки опус на Тарапуза.
Стојан Тарапуза (Злетово, 1933) е водечко име во современата македонска литература за деца и младинци. Автор е на триесетина стихозбирки, високо вреднувани од страна на критиката и од бројните читатели.
Добитник е на повеќе книжевни награди во Македонија и во странство. Негови дела се преведени на албански, српски, словенечки, бугарски, турски, руски, украински, словачки, полски и на други јазици.
Ново на Сител
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција