Муцунски: Време е за влада која ќе работи реформски
Резултатите од изборите се јасни, време е за влада која ќе работи реформски, изјави секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски.
– Резултатите од изборите беа кристално јасни во тоа каде граѓаните го даваат легитимитетот. СДСМ и господин Заев, премиерот во заминување и во оставка претпоставувам, бидејќи гледам се предомислува често. Ја претворија кампањата во референдум за национални политики и во таа смисла доблесно е да се реализира тоа што е ветено, односно оставката да се ефектуира и да се остави простор за влада која што ќе работи реформски, рече Муцунски, одговарајќи на новинарско прашање околку можноста за пад на Владата, на заедничката прес-конференција со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Според него, резултатите од изборите покажале дека изминативе четири години сме имале „антиреформска влада“. – Време е за влада која работи во насока на вистински реформи, додаде Муцунски.
Ново на Сител
-
„Најтажниот ден“ во годината
-
Скопје со умерено аерозагадување, Сараево најзагаден град во светот
-
Конан О'Брајан домаќин на 97. доделување „Оскари“
-
Одбиено барањето на Палевски за изземање на судијата Стефановски, сведокот Гоце Трајковски се уште недостапен
-
Дел од Општина Ѓорче Петров без вода
-
30-дена притвор за Раде Штекли и уште девет лица
-
Американските „тиктокери“ губат потенцијални милиони долари со забраната
-
19-годишник кој превезувал мигранти бегајќи од полиција удрил во работна машина на пат