Муцунски: Во овие тешки моменти, важно е да останеме обединети во болката и солидарноста
Вчера беше еден од најтажните денови за државата. Трагедијата во Кочани длабоко ме вознемири, пред се, како човек и родител. Во овие тешки моменти, важно е да останеме обединети во болката и солидарноста. Дозволете ми уште еднаш да изразам искрено сочувство до семејствата кои се соочуваат со оваа ненадоместлива загуба, напиша на неговиот фејсбук профил министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.
- Наша обврска како држава е да обезбедиме соодветни услови за лекување и целосна поддршка за повредените. Во текот на вчерашниот ден ги посетив пациентите кои се лекуваат во Хрватска и Австрија. Разговарав со нивните семејства и лично се уверив во посветеноста на медицинскиот персонал кој се грижи за нивното закрепнување. Целокупните трошоци за престојот на семејствата се покриени од државата, а нашите дипломатско-конзуларни претставништва имаат клучна улога во организацијата и реализацијата на медицинскиот третман, како и во поддршката на семејствата во странство, објави Муцунски.
Тој се осврна и на неговите, како што напиша, остварени кратки средби со неговиот хрватски колега Гордан Грлиќ-Радман, на која присуствувала и министерката за здравство на Хрватска, Ирена Христиќ. Потоа, во Виена, имал билатерална средба со новата австриска министерка за надворешни работи, Беате Мајнл-Рајсингер. На средбите Муцунски изрази длабока благодарност за нивната поддршка, за понудената помош и за солидарноста што ја покажаа во овие тешки моменти за нашата земја.
Ново на Сител
-
Приведени 343 лица на протестите во Турција
-
Пронајдена тревкаста материја и приведени три лица
-
Од утре дожд, грмежи и силен ветер
-
Пуштале музика во денови на жалост - Приведени две одговорни лица во угостителски објекти
-
Муцунски: Идната недела ќе почне враќањето на првите пациенти што се лекуваат во странство
-
Ѓоковиќ се изедначи со Рафаел Надал по бројот на победи на ниво на АТП 1000
-
Лишени од слобода две лица поради предизвикување пожари во Прилеп и Ресен
-
Почина Џорџ Форман