Македонија
5. July 2026 - 8:25

Муцунски во официјална посета на Катар

 

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски од денеска престојува во дводневна официјална посета на Државата Катар.

Во рамки на посетата, Муцунски, како што информираат од Министерството, се очекува да оствари одделни средби и разговори со премиерот и министер за надворешни работи на Катар, заменик-премиерот и државен министер за одбрана, како и со државниот министер за надворешни работи.

Во програмата се предвидени и средби со претставници на повеќе инвестициски фондови и катарски компании, како и потпишување на неколку билатерални документи.

За време на посетата, од МНРиНТ посочуваат, дека се очекува да биде потврдена заемната подготвеност за натамошно јакнење на односите меѓу Северна Македонија и Катар во сите сфери од заемен интерес.

 

МИА