Муцунски: Собранието му го врати на Пендаровски барањето за потврда на вонредната состојба
На денешната прес конференција пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски рече дека според негови информации, барањето на претседателот Пендаровски испратено до Собранието за да се потврди вонредната состојба донесена поради епидемијата од корона вирусот, се вратени назад.
„Немам информација зошто овие материјали се вратени кај Пендаровски, а како пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ ќе се изјасни по однос на ова прашање, став ќе изградиме откако ќе ги видиме материјалите" рече Муцунски.
Тој го повтори ставот на партијата дека тие се против одржување он-лајн седници на Собранието.
"Сметаме дека треба да се превземат сите мерки за заштита на здравјето и на пратениците и на вработените во Собранието, но не и да се носат вакви избрзани одлуки. Ние имаме дилема дали овој чекор воопшто е уставен и дали можеме да го реализираме без да се злоупотреби позицијата" потенцираше Муцунски.
Од кабинетот на Пендаровски велат дека не се вратени и дека се уште се во процедура во Собрание.
Деспина Тодоровска
Ново на Сител
-
Зеленски - Нема да ги признаеме руско-американски преговори во Ријад, вонреден самит во Париз за Украина
-
Анкета: Само 20% од граѓаните поддржуваат уставни измени, ЕУ има желба да помогне за интеграција на Македонија
-
ЗНАМ е против промена на грбот
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, утре на владина седница
-
СДСМ поднесе предлог закон за поевтина храна и струја
-
За два месеци ќе се знае дали „Градски воз“ е исплатлив проект
-
Обвинителството почна постапка за малолетникот кој без возачка удри двајца тинејџери, но и за лицето што му го дало автомобилот
-
Министерот и градоначалниците во потрага по скопски деликвенти