Муцунски: Проширувањето на ЕУ не е само економска и трговска неопходност, туку предуслов за политичка и безбедносна стабилност на целиот континент
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денеска учествува на Делфи Економскиот Форум што се одржува во Грција, каде се обрати на панел-дискусија на тема: „Дали ЕУ – САД алијансата е надвор од поправка?“
Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Муцунски се осврна на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, важноста на регионалната соработка, стабилноста на регионот, стратешкото партнерство во рамките на НАТО, како и на соработката со САД и трансатлантската поврзаност.
Притоа, министерот Муцунски ја истакна важноста на регионалната поддршка, која особено се манифестираше по трагедијата во Кочани, упатувајќи искрена благодарност до Грција за покажаната солидарност и медицинска помош.
Министерот нагласи дека проширувањето на Европската Унија не е само економска и трговска неопходност, туку предуслов за политичка и безбедносна стабилност на целиот континент. Тој порача дека е неопходно да се обезбеди јасен и опиплив пат напред за регионот, кој ќе го врати кредибилитетот и ќе ги исполни очекувањата од процесот на европска интеграција.
Во однос на улогата на САД, Муцунски ја подвлече нивната клучна улога како инвеститор – не само во политичката и безбедносната, туку и во економската стабилност на регионот – истакнувајќи дека САД се меѓу највидливите и најсилните поддржувачи на процесот на проширување на Европската Унија.
Ново на Сител
-
Израелската војска почна напад врз Газа, јавија израелските медиуми
-
Во Битола до 11 часот гласале 10,66 проценти од избирачите
-
Грабеж во Лувр, музејот затворен за посетители
-
Пресекот на излезноста до 11 часот е 9,38%
-
На ГП „Блато“ уапсен албански државјанин баран со меѓународна потернца
-
Во Штип до 11 часот гласале 10,89 проценти од избирачите
-
Папата Лав Четиринаесетти ќе прогласи седум нови светци
-
МВР: Регистрирани 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои 15 не се потврдени