Муцунски: Популистичките статистики ништо не значат за граѓаните кои живеат се посиромашно
Во однос на номиналното зголемување на платата која статистички се случува, но, граѓаните се сведоци дека заради енормно зголемената инфлација тие номинални средства вредат се помалку, изјави Тимчо Муцунски потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на општина Аеродром, одговарајќи на новинарско прашање за просечната плата од 500 евра, при посетата во Битола, потенцирајќи дека оваа просечна плата не доволна поради растот на инфлацијата и трошоците за живот кои граѓаните се повеќе ги осиромашуваат.
– Доволно е само да го споредиме растот на цените на основните продукти кои ги купуваме во маркет, растот на цената на енергенсите, очекуваниот раст на цената струјата за отприлика еден месец, сето тоа влијае врз стандардот на граѓаните кои секојдневно живеат се посиромашно и посиромашно, истакна Муцунски.
Тој посочи дека не е доволно вие да имате номинални зголемувања на просечната плата, а истовремено тоа да не е доволно за стандардот на граѓаните и да немате зголемување на продуктивноста и на економијата.
– Во таа смисла тоа се популистички изјави кои се даваат, но фактички за граѓаните ништо не значат, бидејќи тие ден за ден се се посиромашни. Треба економска агенда која ќе нуди продуктивност и развој и привлекување на странски директни инвестиции, тоа што ние како ВМРО-ДПМНЕ знаеме да го направиме, нагласи Муцунски.
Ново на Сител
-

Младите во Радовиш ослободени од комуналии
-

Ќура - работиме на предлог закон за плажи
-

Вечерва заседава Советот за безбедност на државата
-

Тема на денот со Ивон Величковски, Движење Нова Република
-

Војна на Блискиот Исток – одекнуваат експлозии ширум регионот, расте бројот на загинати и повредени
-

Колку македонски граѓани побарале да бидат евакуирани од кризните региони?
-

Разговор со Ангела Николовска, Македонка која живее во Доха, Катар
-

Опозицијата со поддршка за САД во нападите против Иран
