Муцунски: Ни треба систем на меѓусебна доверба и да знаеме дека ќе нема дополнителни барања од Софија поврзани со историјата, идентитетот и јазикот

Кога зборуваме за билатералниот аспект меѓу Софија и Скопје, она што секогаш го велам е дека заедничкиот интерес на двете земји е да се движиме напред по патот кон полноправно членство во Европската Унија, изјави шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски, пред почетокот на самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) во Софија.
- И двете земји имаат многу да добијат од овој процес. Сакам да ве уверам дека имаме најпозитивни намери да соработуваме во областа на одбраната и безбедносната политика, да соработуваме во економијата, да соработуваме во образованието. Лично, како универзитетски професор, сум учествувал на безброј меѓународни конференции во Софија. Затоа верувам дека сите овие настани од последните години вештачки ги делат народите на двете земји. И она што е важно е да гледаме кон иднината, да не се фокусираме на прашања од минатото - прашања поврзани со идентитетот, историјата и јазикот, бидејќи имаме иднина што треба да нè обедини, рече Муцунски.
За договорот предложен од Франција во 2022 година, тој нагласи дека Македонија има поинакво гледиште за тоа.
- Треба да функционираме во систем што значи меѓусебна доверба. Нашето гледање е дека имаме различно толкување на она што се очекува од нашата земја во однос на одлуката од 2022 година, истакна Муцунски.
Според него, Северна Македонија подготвила, како дел од барањата, одличен акциски план за малцинствата.
- Не само за бугарското малцинство, туку за сите малцинства во земјата, во соработка со водечки експерти делегирани од Советот на Европа. Но, она што е важно, за да можеме да продолжиме напред, е да работиме во следниот период на градење меѓусебна доверба, посочи Муцунски.
Тој истакна дека „силните идентитети не треба да се градат преку напади врз туѓите идентитети, дека имаме капацитет да ги надминеме меѓусебните разлики, да се почитуваме едни со други и да не се врзуваме за прашања поврзани со историјата, идентитетот и јазикот“.
- Нашата цел не е само да стигнеме до фаза на отворање на пристапните преговори, туку и успешно да ги затвориме. За да се постигне тоа, што е важно за нас? Да знаеме дека нема да има дополнителни барања за нашата земја поврзани со историјата, идентитетот и јазикот, како и други билатерални пршања кои би се појавиле по отпочнувањето на преговорите - прашања поврзани со историски комисии, тоа не се европски темелни прашања. Затоа велам - добро е да разговараме и да расчистиме што се очекувањата од двете страни бидејчи, сепак, има еден силен билтерален елем,ент во сето ова. Тука се најголемите недоразбирање, истакна Муцунски.
Според него, со дијалог и меѓусебно разбирање, нема предизвик што не може да се реши, ако има волја и ако сите страни се посветени на европската идеја.
МИА
Ново на Сител
-

Поднесена кривична пријава за опожарувањето на дипломатските возила во Скопје
-

СП 2026: Меси ѝ донесе на Аргентина убедлива победа над Алжир
-

Муцунски во Даблин на средба со Мекенти, во фокусот претстојното претседавање на Ирска со Советот на ЕУ
-

Сенатот на САД по деветти пат ја блокираше Резолуцијата за прекин на војната со Иран
-

Најмалку четири лица загинаа во руски напади врз источна Украина
-

Јужна Кореја ќе ја намали зоната со ограничен цивилен пристап долж границата со Северна Кореја
-

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Предложен притвор за лицето што вчера намерно ги опожари возилата на Бугарската амбасада во Скопје
