Македонија
29. May 2025 - 19:41
Муцунски на средба со Рубио
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска е во Вашингтон на средба со државниот секретар на САД, Марко Рубио.
Како што соопшти МНР, во рамки на разговорот биле разгледани можностите за дополнително продлабочување на трговските односи, постигнувајќи значаен исчекор и напредок во насока на намалување на тарифите и можноста за започнување на процес на потпишување договор за слободна трговија.
-->
-->