Муцунски: Аеродром добива ново училиште и детска градинка, започнува реализацијата на два капитални проекти
На почетокот на 2024 година, започнува доградбата на основното училиште „Блаже Конески“ во населбата Мичурин и изградбата на нова детска градинка „Изворче“ во населбата Стар Аеродром.
Информацијата на својата фејсбук страна ја објави градоначалникот Тимчо Муцунски кој потенцираше дека станува збор за два капитални проекти кои се реализација на важно ветување пред граѓаните и континуитет во заложба за унапредување на условите за образование и социјална грижа.
Муцунски информираше дека Собранието на Република Македонија на вчерашната седница утврдило пренамена на средства од буџетот за 2023 година, за реализација на овие два проекти.
„Благодарам за поддршката во нашата намера за унапредување на животот и можноста заеднички да изградиме поубава Општина Аеродром“, напиша градоначалникот Муцунски и вети изградба на уште една детска градинки и доградба на уште едно училиште.
„До крајот на следната година, покрај овие два објекти, ветуваме изградбата на уште една градинка во населбата Лисиче и доградба на основното училиште „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче“, заклучи Муцунски во Фејсбук објавата.
Општина Аеродром
Ново на Сител
-
„Фајненшл тајмс“ дознава за конкретните барање на Путин на преговорите со Трамп за Украина
-
Нетанјаху испраќа високи преговарачи на разговорите во Катар за постигнување договор за заложниците
-
Силекс ги почна подготовките
-
Околу 50 повредени во судир на два трамваи во Стразбур, петмина потешко
-
ИДФ изврши напад со дронови врз група оперативци на Хамас кои оперирале од поранешно училиште
-
Папата Франциск упати сочувство до жртвите од пожарите во Лос Анџелес
-
Шолц и официјално избран за кандидат на СПД за германски канцелар
-
Неуспешен обид за грабеж на маркет во Карпош