-->
-->
Му иде да се врати и да среди се!
-->
Манчестер Јунајтед се наоѓа во сериозна резултатска криза, а голем дел од одговорноста се префрла на сметка на тренерот Оле Гунар Солскјер.
Во последните 5 кола во Премиерлигата, „црвените ѓаволи“ освоија само 1 бод, а по неделниот дебакл на „Олд Трафорд“ од најголемиот ривал Ливерпул (0:5) сите очи се вперени кон раководството на клубот од каде се очекува преземање на чекори за излез од ситуацијата.
Најголем дел од фановите бараат смена на менаџерот, но по два дена од мечот, Солскјер е се уште со тимот.
Англиските медиуми пишуваат дека се во тек разговори за иднината на Норвежанецот во Манчестер, а дел од преговорите е и легендата на клубот, Сер Алекс Фергусон.
Прославениот менаџер денеска бил виден како влегува во тренинг центарот „Карингтон“ во друштво на екс-претседателот Мартин Едвардс. Наводно Фергусон е за опцијата неговиот поранешен ученик да продолжи на кормилото на клубот.
Неофицијално, таа опција ја поддржува и потпретседателот на Јунајтед, Ед Вудворд кој заедно со директорот Ричард Арнолд имал средба со претседателот на клубот, Џоел Глејзер.
Состаноците продолжиле и денеска, во присуство на популарниот Ферги, а се уште не е познат крајниот епилог.
Се шпекулира дека Антонио Конте е можен наследник на Солскјер. Италијанецот моментно е без ангажман.
Дефинитиво норвешкиот стратег е под огромен притисок, но се чини дека тој ќе седи на клупата на викенд пресметката со Тотенхем.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември