Му ги скршила ребрата и му предизвикала потрес на мозокот: Пензионер ја тужи Гвинет Палтроу и бара оштета за несреќата

Американската актерка Гвинет Палтроу (46) доби тужба зошто на 72-годишен пензионер му скршила ребра дека поради неа доживеал потрес на мозокот кога на него налетала на скијање.
Пензионираниот оптичар Тери Сендерсон речена конференцијата за новинари дека против неа поднел тужба зошто му нанела повреди и не повикала помош, како и дека нејзиниот инструктор и пријателите лажно сведочеле наведувајќи дека Палтроу не го предизвикала сударот. Сендерсон опишал дека инцидентот се случил на скијачка патека за почетници во скијачкиот центар Дир Воли, кога наеднаш слушнал хистеричен вресок и почувствуал удар во пределот на лопатките.
Последно на што се сеќава е дека полетал нанапред, по што изгубил свест, а дека Палтроу го удрила му кажал еден пријател кој бил сведок на инцидентот. Како што рекол, Палтроу потоа отишла до местото на несреќата и не повикала помош. Актерката ги негираше тие тврдења и преку портпаролот порачала дека тужбата нема основа и дека очекува да биде отфрлена.

Сендерсон рече дека му требале три години за да поднесе тужба, зошто имал проблеми со претходните адвокати и не можел нормално да функционира поради потресот на мозок. Како што рече бил во контакт со адвокатот на Палтроу, но не му понудиле компензација или извинување, туку добил само закани дека и тој би можел да биде тужен.
Тој во тужбата бара обештетување од 3.100.000 долари. На конференцијата била прикажана и видео снимка на која се гледа како жена од грб го удира Сендерсон и уште две лица паѓаат преку него, а потоа тие две лица стануваат и него го оставаат да лежи во снегот.

Ново на Сител
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Седница на извршниот одбор на СДСМ
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски, коалиција Сите за правично судење
-

Глувци шетаат на таванот во тоалетот на студентскиот дом “Пелагонија”
-

Преглед на вестите од светот
-

Кривична пријава за Блерим Беџети за градба во Сарај, тој вели се врши политички прогон врз него
-

СДСМ: Дали во случајот со ИПАРД е вмешан и премиерот?
-

„Почекајте ќе видите“ - вели Мицкоски
