Македонија
27. March 2018 - 18:53

МТВ, Град Скопје и МЕР во најкус рок да најдат решение за делницата од гасоводот во потегот на Водно

Министерството за транспорт и врски, Град Скопје и МЕР АД Скопје во најкраток временски рок треба да најдат заедничко прифатливо решение во однос на изградбата на делницата 5 кај потегот на Водно од магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар.

Ваква информација усвои денеска Владата на седница.