МТСП: Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јануари 2023 година.
Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 6 февруари 2023 година.
Од МТСП информираат дека со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците кои не користат картички, исплатата ќе се спроведе во две групи во сите отворени филијали и експозитури на банките, согласно со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето и тоа денеска за оние чии презимиња кои почнуваат на А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ и утре за оние со презимиња кои почнуваат на буквите М, Н, Њ, О; П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.
Ново на Сител
-
Шукова: Се гледаме во вториот круг
-
Ѓорѓиевски: Да ја завршиме работата уште во првиот круг
-
Започна имунизацијата против сезонски грип
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ со митинзи во Илинден, Петровец, Бутел, Чучер Сандево
-
ВМРО-ДПМНЕ со митинзи во Чаир, Аеродром и Гази Баба
-
Тема на денот со Венко Филипче, претседател на СДСМ
-
По 18 пат во чест на Тоше маратонците го истрчаа Меѓународниот ултра маратон од Нова Градишка до Крушево