МТСП: Усвоен предлог Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани
Министерството за труд и социјална политика информира дека денес (09.12.2023), на 206 -тата седница на Влада беше усвоен текстот на Предлог Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани кој треба да ја се уредуваат корисниците на финансиската поддршка и висината, начинот за обезбедување и исплатата на финансиската поддршка на социјално ранливите категории на граѓани согласно деветтиот пакет на антикризни мерки. Истиот се испраќа до Собранието со предлог да се усвои по скратена постапка и исплатата да почне од овој месец.
Корисници на финансиската поддршка којашто се обезбедува согласно Предлогот на закон, се лица од социјално ранлива категорија на граѓани, односно:
- корисници на посебен додаток;
- корисници на правото на надоместок заради попреченост;
- самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош;
- корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари;
- ученици од основното, односно средното образование, чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари и
- студенти кои живеат надвор од местото на студирање.
Финансиската поддршка за корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост и самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош – е предвидено да изнесува 2.000 денари месечно, за период од пет месеци, започнувајќи од месец декември 2023 година.
Финансиската поддршка за корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари, за период од пет месеци, е предвидено да започне исто така од месец декември 2023 година и да изнесува:
- 3.000 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина не поголема од 14.000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка;
- 2.000 денари месечно корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 14.001 денари до 16.000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка и
-1.500 денари месечно за корисници на пензија кои оствариле доход по основ на пензија на месечно ниво во висина од 16.001 денари до 19.000 денари во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка.
Исплатата на финансиската поддршка за: корисници на посебен додаток; корисници на правото на надоместок заради попреченост; самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари е предвидено да се изврши без поднесување на барање од страна на корисниците, врз основа на податоците од евиденциите на центрите за социјална работа и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, за остварено право во претходниот месец од месецот во којшто се врши исплатата на финансиската поддршка. Датумот на исплата на финансиската поддршка е предвидено да се објави на веб-страницата на Генералнот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија, Министерството за труд и социјална политика, Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија и Министерството за образование и наука, најдоцна до 5-ти во месецот за тековниот месец.
Целта на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани, за справување со енергетската и ценовната криза е обезбедување финансиска поддршка за социјално ранливите категории на граѓани.
Министерство за труд и социјална политика
Ново на Сител
-
Македонските државјани од 30 ноември во Кина ќе патуваат без визи
-
Мицкоски: Писменоста и образованието не се луксуз, тие се основни права и најможно инструменти за трансформација на општеството
-
Меџити: Денот на албанската азбука годинава се одбележува во време на жестока дебата за употреба на јазикот
-
Мицкоски: Ден на албанската азбука – симбол на образованието, културното богатство и напредокот на еден народ
-
Бела куќа: Русија е целосно одговорна за ескалацијата во Украина
-
Земјотрес почувствуван во Македонија
-
Германија го објави кризниот план во случај на војна со Русија
-
Пентагон: САД беа информирани од Москва кратко време пред лансирањето на балистичката ракета против Украина