МТСП: Тврдењата на ССМ се неосновани, до крајот на месецов ќе се изврши усогласување на минималната плата
Министерството за труд и социјална политика најостро ја демантира изјавата на Сојузот на Синдикати на Македонија во која тврди дека усогласувањето на минималната плата ќе се одложи за наредната година односно за 2022 година.
Усогласувањето на минималната плата ќе се направи во согласност со Законот за минимална плата и предвидените критериуми, најдоцна до оваа среда, 31 март 2021 година.
За таа цел наредната недела ќе се одржи и седница на Економско социјалниот совет.
Министерката Јагода Шахпаска за ниту еден медиум и во ниту една прилика не дала изјава дека ќе биде одложено усогласувањето на минималната плата.
Тоа е законска обврска која целосно ќе биде спроведена.
Во однос на примената на измените на Законот за работни односи во делот на недела – неработен ден, ставот на Владата на Република Македонија, уште на самиот почеток беше јасен и прецизен, а тоа е дека законските измени ќе почнат да се применуваат по завршувањето на здравствената и економската криза предизвикана од пандемијата Ковид-19.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка