МТСП: Претходната влада во Буџетот немаше обезбедено средства за покачување на пензиите
Министерството за труд и социјална политика денеска реагирајќи на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со покачувањето на пензиите информира дека претходната влада, предводена од оваа партија, не предвидела никакво покачување на пензиите при донесувањето на Буџетот за 2017 година. Средствата за усогласување и исплата на пензиите до крајот на годинава биле обезбедени со ребалансот на Буџетот за 2017 година, од страна на актуелната влада.
- Лажни се наводите изнесени од страна на ВМРО ДПМНЕ дека во 2016 година пензионерите добиле усогласување од 7.500 денари, бидејќи со измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување (во септември 2016 година) Владата на ВМРО ДПМНЕ воведе усогласување на пензиите во 2016 година само со исплата на ноемвриската пензија, која се исплати во декември. Значи, пензионерите во 2016 година добија еднократно 630 денари со ноемвриската пензија, се вели во реакцијата на МТСП.
Од Министерството додаваат дека на ваков начин на пензионерите им било ускратено правото, според кое, како растат трошоците на живот, така да растат и пензиите, а оти тие го враќаат системското, праведно решение.
- Усогласувањето на пензиите во 2017 година се врши согласно член 37 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Имено, усогласувањето на пензијата се врши според движењето на индексот на трошоците на животот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во висина од 50%. Пензијата се усогласува од 1 јануари и од 1 јули секоја година според процентот кој се добива како збир на порастот на индексот на трошоците на живот во претходното полугодие и процентот на порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во Република Македонија во предходното полугодие во однос на полугодието кое му предходи, информираат од МТСП.
Со оваа формула на усогласување на пензиите, додаваат оттаму, се обезбедува еднаквост на корисниците на пензијата бидејќи пензијата е лично право и се остварува од остварениот работен стаж и платите. - Претходните решенија за усогласување на пензиите во номинален износ, односно за сите еднаков износ, е решение кое може да се примени во услови кога се остварува „државна пензија„ која се финансира од даноци и не зависи од работен стаж. Во услови кога пензискиот систем се основа на стаж на осигурување и остварени плати, усогласувањето на пензиите треба да биде на секоја индивидуална пензија, се вели во реакцијата на МТСП на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
Усогласувањето на пензиите од 1 јануари 2017 година изнесуваше 0,82%. Усогласувањето на пензиите од 1 јули 2017 година ќе изнесува околу 1%. Владата на Република Македонија на крајот на годината ќе ја разгледа можноста да се изврши и дополнително зголемување на пензиите.
Ново на Сител
-
ЈП ПОЦ: Со „пајак“ санкционирани 194 непрописно паркирани возила во Центар
-
За прв пат од 2014 година во Ла Лига, Барселона не упати удар кон противничкиот гол
-
Синер го победи Де Минаур на завршниот АТП турнир
-
Џејмс е најстариот играч во НБА кој забележал трипл-дабл во два последователни натпревара
-
Јокиќ со четврти последователен трипл-дабл
-
Иран: Трамп да го запре континуираниот геноцид во Појасот Газа
-
Викендов во Скопје подигнати 70 кубни метри непрописно одложен отпад
-
Украина прогласи висок степен на тревога