МТСП: Почнува етапната исплата на ноемвриските пензии
Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите за ноември почнуваат да се исплаќаат од денеска, предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата и тоа денеска ќе се врши исплата на пензии со висина до 11.000 денари, утре на пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во понеделник ќе се испла
ќаат пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари, а во вторник пензии во висина над 18.000 денари.
-Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од четврток 26 ноември. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања. Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи, се вели во денешното соопштение од МТСП.
Од Министерството потенцираат дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, оти пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираат до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што, како што посочуваат, етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.
МТСП потсетува на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.
Ново на Сител
-
Санкционирани 179 возачи во Скопје
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Затруен од наркотици пронајден во бессознание во двор во Кавадарци
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола