МТСП: Од денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии
Oд денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.
Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата.
Денеска ќе биде извршена исплата на пензии со висина до 11.000 денари, утре вторник ќе бидат исплатени пензиите во висина од 11.001 денари до 14.000 денари, во среда, на 30.12.2020 година, исплата на пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари, додека во четврток, на 31.10. 2020 година, исплата на пензии во висина над 18.000 денари.
Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од понеделник 28 декември. Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.
Од МТСП наведуваат етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.
Министерството укажува дека пензиите се сигурни на сметките на корисниците, пензискиот систем е стабилен и функционира без проблеми. Апелираме до пензионерите да се придржуваат до распоредот за исплати, затоа што етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје. Потсетуваат на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.
Ново на Сител
-
Приведен струмичанец, возел со 2,19 промили алкохол во крвта
-
„Прада“ го купува „Версаче“ за 1,25 милијарди евра
-
Ерик Дејн боледува од неизлечива болест
-
Лишени од слобода три лица од Скопје барани по централни потерници
-
Сe уште неотворена вандализирана нова градинка во Бутел | ФОТО
-
Без вода делови од Чаир
-
Повторно се одложува долгоочекуваната одлука за големиот случај против Манчестер Сити
-
Продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, сведочи таткото на Вања