МТСП: Објавени огласи за вработување стручни кадри во центрите за социјална работа
Со цел да се зајакнат капацитетите на центрите за социјална работа во Република Македонија, Министерството за труд и социјална политика соопшти дека во дневните весници Слободен печат и Коха се објавени огласи за вработување социјални работници и друг неопходен стручен кадар во 15 центри за социјална работа.
1. Центaрoт за социјална работа во Скопје има распишано јавен оглас за 6 социјални работници;
2. Центaрoт за социјална работа во Кратово има распишано јавен оглас за 1 социјален работник;
3. Центaрoт за социјална работа во Кавадарци има распишано јавен оглас за 1 социјален работник;
4. . Центaрoт за социјална работа во Куманово има распишано јавен оглас за 2 социјални работници;
5. Центaрoт за социјална работа во Радовиш има распишано јавен оглас за 1 социјален работник и за 1 педагог;
6. Центaрoт за социјална работа во Штип има распишано јавен оглас за 1 социјален работник и за 1 психолог;
7. Центaрoт за социјална работа во Тетово има распишано јавен оглас за 1педагог;
8. Центaрoт за социјална работа во Гостивар има распишано јавен оглас за 1 социјален работник;
9. Центaрoт за социјална работа во Битола има распишано јавен оглас за 2 социјални работници;
10. Центaрoт за социјална работа во Струмица има распишано јавен оглас за 1 социјален работник и за 1 психолог;
11. Центaрoт за социјална работа во Свети Николе има распишано јавен оглас за 1 социјален работник;
12. Центaрoт за социјална работа во Дебар има распишано јавен оглас за 1 социјален работник;
13. Центaрoт за социјална работа во Неготино има распишано јавен оглас за 2 социјални работници;
14. Центaрoт за социјална работа во Крива Паланка има распишано јавен оглас за 2 социјални работници;
15. Центaрoт за социјална работа во Делчево има распишано јавен оглас за 1 социјален работник.
Ова е првата фаза од планираните вработувања на вкупно 60 социјални работници во наредниот период, наведуваа од Министерството за труд и социјална политика.
Ново на Сител
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени
-
ОЈО побара притвор за 9 од вкупно 23 осомничени во акцијата ,,Адитив''
-
Храната поскапува - Власта уверува дека цените ќе паднат со новогодишната кошница
-
Реставрација на споменици на културата
-
Преглед на вестите од свет
-
Законот за јазиците пред Уставен
-
Приведените во „Адитив“ пред суд
-
Расте откупната цена на тутунот