МТСП: Обезбедени сите услови за непречено функционирање на градинките
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги обезбеди сите услови за непречено функционирање на градинките и за непречена грижа за децата корисници, наведува МТСП во соопштение по денешниот допис од Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) од каде обвинија дека на вработените во детските градинки, основните и средните училишта не им се продолжуваат договорите за работа.
МТСП посочува дека веќе прави детална анализа на секоја установа поединечно што во текот на годинава, како што стои во соопштението, ќе резултира со трајно решавање на кадровските проблеми кои во градинките ги создаде претходната Влада, држејќи ги воспитувачите, родителите и децата во редовна неизвесност.
- Потсетуваме дека во последните 11 години системски е уривана детската заштита и е направен недостиг на кадар во градинките од повеќе од 2.000 луѓе. Како што веќе известивме, со Буџетот за 2018 година обезбедивме средства за 200 нови вработувања во градинките, за зголемувањето на платите за вработените во градинките за пет отсто, дополнителни средства за материјални трошоци за функционирање на градинките, наведува во соопштението МТСП.
Ново на Сител
-

Судење за случајот „Онкологија“, одбраната смета дека доаѓаат погрешни сведоци
-

За еден месец “Клексан” во аптека со рецепт
-

Македонија одбележа 25 години од резолуцијата 1325 на ОН - „Жени, мир и безбедност“
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче: Гласајте по сопствено убедување
-

Серија проекти и мерки по изборите
-

Сиљановска: Жените да бидат вклучени во процесот на одлучување
-

Заплениети 130 килограми марихуана на Табановце
