МТСП: Мерки за подобрување на состојбите во Специјалниот завод-Демир Капија
Забрана за нови сместувања во институциите кои згрижуваат деца/лица со попреченост, која е веќе на сила, волонтерски тимови од граѓанскиот сектор кои ќе помогнат во работењето и подигнувањето на стручните капацитети на Специјалниот завод - Демир Капија и организирање донаторска конференција за оваа установа.
Ова се дел од приоритетите на Министерството за труд и социјална политика, кои биле претставени на денешниот состанок на работната група за дефинирање на Акцискиот план за итни мерки за подобрување на состојбите во Специјалниот завод Демир Капија.
На состанокот, како што соопшти МТСП, раководела министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, координаторот на ОН во земјата и постојан претставник на УНДП Луиза Винтон, постојаниот претставник на УНИЦЕФ за Македонија Бенџамин Перкс, претставникот на Делегацијата на ЕУ Нафи Сарачини, Уранија Пировска од Хелсиншкиот комитет за човекови права и претставникот на проектот финансиран од страна на Делегацијата на ЕУ во Скопје Владимир Крстевски.
На средбата, како што се наведува, се разгледаа сите итни мерки од акцискиот план кои се однесуваат на подобрување на состојбите во Специјалниот завод Демир Капија, подобрување на условите за престој на корисниците преку почитување на основните човекови права, зголемување на нивната мобилност, пристап во работата со крајните корисници, како и идните чекори во оваа насока.
Претставниците на агенциите на Обединетите нации и на Делегацијата на Европската унија ги образложиле нивните активности во поддршка на итниот план, а дополнително министерката за труд и социјална политика ги претставила краткорочните и среднорочните приоритети на МТСП.
Во текот на наредните две недели, како што соопшти МТСП, центрите за социјална работа треба да направат индивидуална проценка на сите деца кои се сместени во институциите и да подготват индивидуален план за секое дете. Ќе се овозможат тренинзи за стручните лица кои работат во Специјалниот завод, а кои се однесуваат на подготовка на планови за трансформација и за обезбедување на услуги во локалната заедница.
Меѓу приоритетите е итно подобрување на хигиенските услови и здравствената нега во установата, регионална соработка со државите и стручните лица од институциите од балканскиот регион, отворање мал групен дом за децата кои се сместени во Демир Капија, во насока на нивно деинституционализирање и организирање работни средби на меѓународните агенции, ЕУ и МТСП на техничко ниво, со цел да се операционализираат сите активности и да се поделат улогите во процесот.
Ново на Сител
-
Предлог одлуката за избор на членови на ДИК пред Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
Маја Санду победи на претседателските избори во Молдавија
-
Израелците приведоа ирански „оперативец на терористичката мрежа“
-
Изборниот штаб на Трамп уверен во победа во шест од седум клучни држави
-
Најмалку деветмина загинати во ерупција на вулкан на островот Флорес во Индонезија
-
Состојба на патиштата
-
Сончево со мала локална облачност, наместа минималната температура ќе се спушти под нулата
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови