МТСП: Иницијативата на Народниот правобранител ќе се разгледа, кога ќе биде доставена
Министерството за труд и социјална политика попладнево соопшти дека досега до нив не е доставена иницијативата на Народниот правобранител за измени на Законот за заштита на децата, но оти ќе биде внимателно разгледана кога ќе биде доставена.
- Во таа насока, сакаме да ја известиме јавноста дека на почетокот на идната недела министерката за труд и социјална политика Мила Царовска ќе оствари средба со народниот правобранител Иџет Мемети на која што ќе се разговара на повеќе теми и прашања и веројатно ќе стане збор и за оваа Иницијатива за која откако ќе биде разгледана Министерството за труд и социјална политика ќе се произнесе и ќе заземе став, се наведува во соопштението.
Од Министерството посочуваат дека се отворени за сите иницијативи од институции, поединци и здруженија на граѓани и оти секоја иницијатива што е од интерес за граѓаните ќе се разгледува
Ново на Сител
-
Кој следел новинари и политичари?
-
Мицкоски чека да го види документот
-
Тема на денот со Виктор Јакимов, претседател на Сојуз на средношколци
-
ФФМ со рекордна донација за младите
-
Почна новата учебна година - 245 илјади ученици седнаа во училишните клупи
-
АНБ скандал: Обвинителството без конкретни детали
-
Филипче ќе ги нацрта „црвените линии“ до крајот на неделава
-
Поранешниот директор на Геријатрија не се чувствува виновен за примањето 20.000 евра поткуп