Македонија
17. April 2016 - 13:22

Мртва жена најдена во стан во Скопје

Околу 15  часот од екипа на Итната медицинска помош Скопје било пријавено дека на улицата „Михаил и Ефтихиј“ во Скопје било пронајдена почината 53-годишната Милица М.

Жената во станот живеела како подстанар.

Од страна на лекар констатирана била смрт без видливи траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.

Телото на почината било предадено на обдукција која ќе покаже како настапила смртта.