-->
-->
Мртов маж на Попова Шапка
-->
Во 14 часот и 30 минути на Попова Шапка се случила страшна несреќа, кај местото Казаниште.
Во Кризниот Штаб било пријавено дека има повредено лице најверојатно странец кој паднал во провалија, а за него немало никакви податоци освен телефонски број за контакт, но на наведениот број никој не се јавувал. Во 16.20 часот во угостителски објект пристигнале лицата Г.М. (34), K.O. (34) и Б.Б.Ц. (39), сите од Германија, и со истите бил извршен разговор во врска со настанот. Притоа, било констатирано дека истиот ден околу 09 часот околу шест лица се качиле на местото „Церипашина“ на Попова Шапка за да скијаат. Околу 13.10 часот скијале на местото „Казаниште“ и застанале да одморат, при што во безсознание паднал 61-годишниот С.Ц. од Германија.
Веднаш по радио врска бил известен сопственикот на еден угостителски објект, кој го пријавил случајот во ЦУК Скопје. Околу 15.00 часот на местото на настанот пристигнал хеликоптер на МВР, било подигнато повреденото лице и пренесено во болницата „Систина“-Скопје, каде била констатирана смрт.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено во Институтот за судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек
-
Приватните превозници престанаа да возат, допрва ќе одлучуваат дали ќе го блокираат Скопје
-
Скопје се гуши
-
Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра
-
Регистрирана Комора на вештаци - Поголем квалитет во процесот на судско вештачење