Мрежата против насилство врз жените бара итно расчистување на двата последни случаја на фемицид
Два фемицида за неполни две недели се знак дека системот потфрла во справувањето со семејното и родово базираното насилство, реагира Национална мрежа против насилство врз жените и семејно насилство и ги повикува министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика и Основното јавно обвинителство итно да ги расчистат случаите и да покренат соодветни постапки против сторителите на убиства на жени што се случија во изминатите 15-ина дена.
Мрежата против семејно насилство реагира на убиството што се случи пред две недели кога 40-годишен арачиновец ја уби својата сопруга и на убиството што на 10 мај го изврши 27-годишник во Скопје кој до смрт ја претепал жената со која живеел.
-За неполни две недели во нашата држава бележиме два фемициди, што укажува на апсолутната и итната потреба за системска мобилизација на сите можни национални и локални ресурси и капацитети за превенција и борба против родово базираното насилство во сите негови облици. Фемицидот е најекстремната форма на насилство врз жените и девојчињата и во најголем број случаи е последица на континуирано повеќегодишно семејно или интимно-партнерско насилство, и за жал, често застапен и во порите на нашите семејни заедници и општествениот систем во целост, наведува Мрежата во реакцијата, нагласувајќи дека постојано предупредува за зголемениот ризик од семејно насилство и интимно-партнерско насилство во услови на криза.
Апелира за итно и приоритетно постапување во случаите на насилство врз жени и деца од надлежните институции и очекува кривична пријава и гонење на сторителот согласно законите и Истанбулската конвенција.
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки