Мразот на Гренланд се топи сè побрзо
Гренланд го губи мразот седумпати побрзо отколку во 1990-тите, посочува истражувањето на меѓународен тим научници, кои проучувале сателитски снимки од временски период од 26 години. Заклучоците се објавени во угледното научно списание „Нејчр“.
Проценката посочува дека островот Гренланд загубил 3,8 трилиони тони мраз од 1992 година досега. Тоа значи 10,6 милиметри повисоко морско ниво, пренесува БГНЕС.
Според написот, влијанието на Гренланд за покревање на морското ниво денеска е точно како во најпесимистичките предвидувања за иднината. Тоа значи дека кон крајот на овој век може да се очекува дополнително покачување на океанот за седум сантиметри само поради Гренланд. Тоа пак, значи и поголем ризик од поплави.
Во мигов, околу милијарда лица живеат на помалку од 10 метри над сегашните линии на одлив.
Од друга страна, пак, Аљаска веќе не е синоним на студ. Во Енкориџ – најгусто населениот град на оваа американска сојузна држава, на 4 јули беа измерени 32 Целзиусови степена.
Ново на Сител
-
Завршни зборови на обвинетите
-
Бјере: Сега е моментумот за проширување
-
Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар
-
Осцилациите на езерото штетни
-
Преглед на вестите од светот
-
Вечерва пристигнуваат првите 8 евакуирани македонски државјани од Израел
-
Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-
Сиљановска Давкова: Идентитетските прашања се надвор од било која преговарачка рамка