-->
-->
Мрачни тајни на борделите во логорите: Сексот со проститутките траел 15 минути и била дозволена само една поза!
-->

По наредба на Хајнрих Химлер во Матхаузен е основан првиот од десетте бордели во логорите во Германија. Девојките не смееле да бидат Еврејќи, а се на се можело да трае најмногу 15 минути.
Иако проституцијата била службено забранета во нацистичка Германија, заповедникот и Гестапо Хајнрих Химлер одлучил да направи мрежа на бордели за војниците, работниците и затворениците. Од 1942 година па се до крајот на војната околу 300 до 400 затвореници биле присилени да работат во десет логорски бордели во Германија, Австрија и Полска.
Основањето на борделите во логорите било многу добро организиран систем за кој бил воден записник и бил дел од добро смислена стратегија.
Целта била да се подобри работата, продуктивноста и еланот на затвореникот.
Дозволена била само мисионерска поза
Единствената поза која била дозволена е мисионерска поза а престојот со жената во специјалите објекти не смеел да трае повеќе од 15 минути и чинел само 2 марки. Исто така, за се да тече како што си замислиле целата акција ја следеле преку отворот на вратите.

Привилегија за одбрана
Жените кои работеле во логорите не смееле да бидат Еврејќи, како што ни Евреите не смееле да ги посетуваат специјалните објекти.
Во Јуни 1942 година основана е јавна куќа во логорот Маутхаузен. Тоа бил првиот од десетте бордели во Германија. Жените принудени на простутуција, биле доведени од логорот Равенсбрик. Најголемиот бордел бил во Аушвиц, во блокот 24.
Последната јавна куќа била основана неколку месеци пред крајот на војната во 1945 година во логорот Мителбау-Дора.
Според проценките на историчарот Роберт Сомер, кој оваа табу тема ја обработил во својата книга само еден отсто од оние во логорот ги користеле услугите и тоа еднаш или два пати, бидејќи користењето на сексуални услуги се сметало за привилегија.
Закони на јавните куќи
Проститутките, посебно жените од Полска, Чешка и Германија во раните дваесетти години имале и посебен медицински третман, добивале и нешто подобра храна и биле малку подобро третирани од другите затвореници. Сексот се одвивал во одредено време- секоја вечер измеѓу 20 и 22 часот и во недела попладне.
Во случај на заболување на полови болести, тие служеле за медицински експерименти. Во случај на бременост биле присилувани на абортус.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Полуфиналето на турнирот во Порто и донесе скок на Ѓорческа од 12 места
-

Епидемиологот Оранска од ВМЦ: Четворица заболени од шуга во касарната во Велес, болеста не потекнува од Армијата
-

Тешко повредено 11 годишно момче во Штип, со велосипед удрило во дрво
-

Без вода утре делови од Карпош
-

Директорот на ДЗС на средба со доброволни пожарникари за засилување на соработката
-

Меморијален марш „Кети Милковска и 63 Ангели“ во Македонска Каменица
-

Министерство за одбрана: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес, апелираме да не се манипулира јавноста
-

Недела на традицијата, на грозјето и производи од грозје во Тиквешијата
