Живот
14. February 2018 - 12:27

Мрачната историја на Свети Валентин: Воопшто немало романтика, жртвувале кози и кучиња и со нив ги удирале жените, причината ќе ве згрози

Датумот 14. февруари, во дамнешни времиња се поврзувал со се, само не бил романтичен. Се поврзувал со плодноста и крв. Старите Римјани славеле Луперкалии меѓу 13 и 15 февруари.

Тогаш го чистеле градот од зли духови и повикувале на плодност и здравје. Обичај било мажите да жртвуваат коза или куче и со нивните мрши да ги удираат жените - за да станат плодни.

-Биле пијани, биле голи. Младите жени требало да им се наместат на мажите и овие да ги удираат. Верувале дека така ќе станат плодни, објаснува Ноел Ленски, историчар од Универзитетот Колорадо.

Римските свештениците се облекувала во кожи, а целта била девојките и жените кои тие требало да ги удираат. Се сметало за добар знак ако свештеник претепа некоја од нив. Било обичај да се организира своевидна лотарија на која мажите од тегли влечеле имиња на жентие. Потоа се спојувале и останувале заедно во текот на фестивалот, а може и подоцна.

Повеќе е терорија

Валентиново се поврзува со погубувањето на двајца мажи кои се викале Валентино, а ги убил царот Клаудиј II. Тоа било бо 3 век, на 14 февруари, но во различни години. Нивното мачеништво Католичката црква го издигна со прославата на Св. Валентин - тоа е една теорија.

Според друго верување, Клаудиј II им забранил на момчињата во Рим да се женат зошто сметал дека неженетите мажи се подобри војници. Но свештеникот Валентин не го послушал, туку продолжил да ги венчава, но во тајност. Меѓутоа тајната не останала долго тајна, и свештеникот е погубен.

Третото верување вели дека Валентин се вљубил во ќерката на чувар на затворот додека седел зад решетки. Пред да го одведат на погубување и да го убијат, на таа девојка и испратил писмо во кое и ја открива својата љубов - писмото завршува со зборовите „Од твојот Валентин“.

Во 5. век Папа Гелазије I ги укинал Луперкалиите, и 14 февруари го прогласил за ден на Свети Валентин.

Уште мрачни настани на Св. Валентин

-Таканаречениот масакр на Валентиновден се случил на 14 февруари 1929 година. Бил еден од најкрвавите денови во историјата на мафијата кога во Чикаго се убиени седум мажи, во гаража од која ирскиот гангстер Багс Моран и неговата екипа дистрибуирале алкохол во текот на прохибицијата. Иако овој масакр никогаш службено не е поврзан со Ал Капоне, се смета дека токму тој е одговорен за тие убиства.

-Јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус ја уби својата девојка, манекенката Рива Стинкамп во нивниот стан на 14. февруари 2013 година со четири истрели од пиштол. Подоцна се обидел тоа да го прикаже како случајност, но не му успеа, па заврши зад решетки - доби затвор од 13 години. И денеска тврди дека крадец му влегол во куќата, па пукал, но зад вратата од тоалетот била неговата девојка.