МПС бара полицијата да се вакцинира во првата или втора фаза на имунизација
Вработените во Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Управата за финансиска полиција и Агенцијата за разузнавање да бидат вакцинирани во првата или најкасно во втората фаза за имунизација на населението од коронавирусот Ковид-19, побара денеска Македониот полициски синдикат преку писмено барања до премиерот Зоран Заев, министрите Венко Филипче и Оливер Спасовски и доректорите Ерол Муслиу, Виктор Димовски и Арафат Муареми.
Претседателот на синдикатот Марјан Кицев кој, како што вели, во име на 8500 членови бара вработените во овие институции да се вакцинираат во првата или втората фаза на имунизација поради секојдневните активности на овие вработени во справувањето со коронавирусот.
– Наша активност во неколку наврати од многу релавантни домашни и меѓународни институции беше признаена и поздравена како позитивен пример во справувањето со пандемијата, штитејќи ги безбедносните сили кои се први на удар од зараза од COVID-19, заедно со здравствените работници. Од таа причина ние како Македонскиот полициски синдикат, бараме токму во овие моменти, кога државата го изготвува во националниот план за имунизација и набавка на вакцини против Ковид-19 да вработените во Агенцијата за разузнавање, Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност и Управата за финансиска полиција АР, МВР, АНБ и УПФ, Владата ги планира во приоритетениот план за вакцинација како лица изложени на највисок ризик ондосно нивната имунизација биде планирана во првата или најдоцна во втората фаза на имунизација, се наведува во писменото барање на Синдикатот.
Според нив, ова барање произлегува поради фактот дека вработените во безбедносните служби како вработени во едни од највиталните институции кои во изминатиот период ја покажале својата пожртвуваност, посветеност и несебичност во справувањето со пандемијата, изложувајќи се себе, но и изложувајќи ги и нивните семејства од зараза на COVID-19.
Ново на Сител
-
Заклучоци од седница на Влада
-
Медицински техничар од Србија спаси 4-годишно девојче од Македонија по срцев застој во Неа Врасна
-
Катарскиот премиер се надева дека Израел нема да го искористи примирјето во Иран за да продолжи со бомбардирање на Газа
-
За четири дена на грчките острови Крит и Гавдос пристигнале над 800 мигранти
-
Бројот на жртви во Газа надмина 56.000
-
Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
-
75-годишен дедо почина по службен разговор во полиција во Охрид
-
Богојески заминува од функцијата директор на Национална агенција, ќе раководи со друга институција