МПЦ-ОА ќе формира солидарен фонд за поплавените
Македонската православна црква - Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) донесе одлука да формира солидарен фонд, во кој со свои финансии ќе учествува клирот на Црквата, храмовите, манастирите и епархиските центри. Овие средства ќе бидат соодветно распределени на настраданите во поплавите.
Одлуката е донесена на денешниот координативен состанок што се одржал во просториите на Архиепископијата.
На состанокот било одлучено и црковната кујна при храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во Ѓорче Петров, покрај секојдневното подготвување оброци за сиромашните и социјално ранливите категории, да подготвува и оброци за настраданите, кои ќе бидат дистрибуирани во текот на денот.
Од МПЦ ги повикуваат граѓаните и компаниите, согласно можностите, да донираат продукти за готвење во црковната кујна при храмот „Свети апостоли Петар и Павле“ во Ѓорче Петров.
МПЦ информира дека ја разгледале состојбата во поплавените делови на Град Скопје и низ Република Македонија, како и извештајот од нивните досегашни активности на терен преку дистрибуција на храна, хигиенски средства, облека и друг вид помош.
Според МПЦ, состојбата бара уште многу вложување на труд, сили и финансиски средства, особено во втората фаза од справувањето со последиците од невремето.
Ново на Сител
-
ЈП Лајка: Пронајдено младо куче затворено во напуштен автомобил без вода и храна
-
Фрлил кесичка кокаин, уапсен 35-годишник во Охрид
-
Расправија во Чаир заврши со пукање во воздух
-
Уапсени петмина во Драчево, се степале и оштетиле прозорци на куќа и автомобил
-
Поскапуваат горивата
-
Путин: Русија презема мерки за да му помогне на Иран
-
ИДФ: Нападнати шест ирански аеродроми, оштетени писти и авиони
-
Јапонскиот премиер го откажа учеството на самитот на НАТО