-->
-->
Можни поплави причина за евакуација на илјадници жители на југозападна Кина
-->
Десетици илјади лица денеска се евакуирани од југозападна Кина во побезбедни области, бидејќи се проценува дека областа, што е погодена од топлотен бран и суша во поголемиот дел од летото, сега е во опасност од поплави поради обилните дождови.
Кинеската метеоролошка служба прогнозираше дека силните врнежи од дожд во делови од провинциите Сечуан и Чонгкинг ќе се задржат најмалку до вторник, пренесуваат американските медиуми. Во Чонгкинг, мегаград изграден во ридско подрачје, за денеска и за утре е издадено предупредување за опасност од поплави.
Властите од вчеравечер на побезбедни места веќе евакуираа 61.000 лица од Сечуан, бидејќи во текот на ноќта врнеше силен дожд, јави денеска државната телевизија ЦТВ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија под снег
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Илија Димовски
-
Македонија под снег - Радост за најмладите, проблеми за возрасните
-
Македонија под снег - радост за најмладите, проблем за возрасните
-
Охрид се мобилизира
-
УХМР најавува снежни врнежи и утре
-
Панихида за Мара Бунева во Скопје