Можни излевања на водотеците поради најавените поројни дождови

Можни се брзи зголемувања на водостојот на некои водотеци и локални излевања по прогнозите од синоптичарите дека во текот на попладневните часови и особено за време на ноќта се очекуваат врнежи од дожд со пороен карактер и пообилни во северните и централните делови од земјата каде локално се очекуваат и над 25 л/м2 воден талог.
Како што посочуваат од УХМР, водостоите на реките низ Македонија се над просекот, што е карактеристично за овој период од годината, и поради релативно големата влажност во земјата (како резултат на изминатите врнежи и растопениот снег), се очекува брзо да реагираат и на помали количини на дожд да го зголемат својот водостој.
Според прогнозата, на некои места локално се очекува процесите да бидат поинтензивни и за кратко време да наврне поголема количина на дожд, а во такви услови најмногу на удар се изложени водотеците со мали сливни површини и суводолиците кои немаат толку голем капацитет за кратко време да примат поголеми количини на дожд.
- Токму на ваквите мали водотеци и суводолици особено во северните и централните делови од земјата можни се брази зголемувања на водостојот и на некои места при појава на значително интензивни врнежи и локални излевања. Исто така, доколку, со ваквите поројни процеси бидат погодени и градските урбани средини, поради неможноста за впивање на водата можни се брзи формирања на истекувањата низ градските улици, наведуваат од УХМР.
Вакви појави, се посочува, се можни во сливните подрачја на реките: Кумановска, Липковска, Коњарка, Слупчанска, Пчиња, Крива река, Црна, како и на помалите водотеци во средниот дел од сливот на Вардар (водотеците од планинскиот масив Јакупица).
- Кај поголемите реки со поголеми сливни површини ваквите локални процеси не би требало да доведат до појави на излевање, иако и кај нив поради високиот степен на влажност на земјата се очекуваат зголемувања на водостоите. Посочуваме на претпазливо следење на состојбата и на внимателно движење покрај реките и суводолиците, сугерираат од УХМР.
Ново на Сител
-

Унијата ќе воведе радикални мерки за штедење
-

Сејф сити: Зголемен бројот на прекршоци во март во споредба со февруари
-

Објавен оглас за прием на нови 300 професионални војници - армијата го одбележа денот на Првата пешадиска бригада
-

Ахмети: Секој што ќе го допре албанскиот јазик ќе добие одговор
-

Стартува изградбата на далекуводот Битола - Елбасан
-

Иднината на работата во ерата на вештачката интелегенција
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за самоубиството во Карпош
