Можни 3 сценарија за состојбата со Ковид-19 во нашата земја
Aмериканскиот Институт за здравствени мерења и проценки при Универзитетот Вашингтон од Сиетл предвидува дека до 1 ноември во Македонија ќе починат 1.629 луѓе од Ковид-19 ако продолжи олеснувањето на мерките за заштита сè додека дневната бројка на мртви не достигне 8 на 1.000.000 жители, кога повторно би се вовеле построги мерки.
Покрај ова од Институтот предупредуваат на уште две можни сценарија.
Најлошото сценарио е ако продолжи олеснувањето на мерките и никогаш не бидат вратени, и во тој случај проекцијата е 1.805 мртви до 1 ноември. Според најповолното сценарио, ако 95 отсто од граѓаните носат маски на јавни места, бројот на починати до 1 ноември би изнесувал 752.

Заклучно со вчера, починати се 406. Според проекцијата за најлошото сценарио, бројот на починати би пораснал до 32 дневно до 1 ноември, додека во најповолното сценарио, таа бројка е 3 дневно.
Проекциите на Институтот за здравствени мерења и проценки се врз основа на бројките до 11 јули, кога имаше 380 починати во Македонија.
Заклучно со вчера, вкупно дијагностицирани со КОВИД-19 во земјава има 8.786, од кои оздравени се 4.676, починати се 406, а активни се 3.704.
Ново на Сител
-
Заклучоци од седница на Влада
-
Медицински техничар од Србија спаси 4-годишно девојче од Македонија по срцев застој во Неа Врасна
-
Катарскиот премиер се надева дека Израел нема да го искористи примирјето во Иран за да продолжи со бомбардирање на Газа
-
За четири дена на грчките острови Крит и Гавдос пристигнале над 800 мигранти
-
Бројот на жртви во Газа надмина 56.000
-
Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро
-
75-годишен дедо почина по службен разговор во полиција во Охрид
-
Богојески заминува од функцијата директор на Национална агенција, ќе раководи со друга институција