Можна средба Димитров – Коѕијас во Софија
Грчките медиуми денеска пишуваат за нова можна средба меѓу Никола Димитров и Никос Коѕијас и тоа во следните два дена во Софија.
Според државната ТВ ЕРТ, средбата треба да се одржи во четврток, додека пак останатите медиуми со доза на резерва објавуваат дека е можно и веројатно двајцата министри за надворешни работи да се сретнат на маргините на неформалниот состанок Гимних во Софија, јавува дописникот на МИА од Атина.
-Господата Коѕијас и Димитров одново ќе се сретнат, утре, четврток во Софија, на неформалниот совет на МНР од ЕУ со колегите од земјите кандидати за интеграција, објави утринава грчката државна телевизија.
Весникот „Авги“, што важи за гласник на СИРИЗА, пишува дека сѐ повеќе се згуснуваат чекорите „за решавање на македонското прашање“, а по средбата во Виена веројатно е дека Димитров и Коѕијас одново ќе се сретнат во Софија.
Со сличен став е и „Катимерини“, објавувајќи дека, доколку не се случи нешто непредвидено, двајцата министри ќе имаат нова средба во бугарската престолнина.
Во однос на дводневните разговори во Виена, во Грција, освен соопштението од грчкото МНР, што беше идентично и пратено во исто време со она од македонското МНР, како што вчера објави МИА, не постојат дополнителни детали.
„Катимерини“ и „Авги“ откриваат дека нацрт спогодбата што Атина треба да му ја предложи на Скопје, не била доставена во Виена.
„Грција, од своја страна, изрази интерес да продолжат контактите се додека Скопје и Атина не стигнат до заеднички текст, односно т.н. спогодба, што ја предлага Коѕијас како основа за разговори. На тет а тет вечерата што ја имаа завчера вечерта двајцата министри, пред нивната вчерашна средба со Нимиц, имаа разговор за суштината и за процедуралните прашања„, пишува „Катимерини“.
„На средбите на двајцата министри во канцеларијата на ОН во Виена, во изминатите два дена, спогодбата не беше ставена на маса, односно сетот предлози што ги подготвува Коѕијас како основа за дијалог. Претпоставка, сепак, е дека разговорите веќе се навлезени во суштината и на маса биле сите прашања – лесните, разбирливите и трнливите. Ова се случи завчера на билатералната средба на двајцата министри за надворешни работи, но и вчера кога им се приклучи и специјалниот медијатор од ОН за „македонското прашање“, Нимиц“, пишува весникот „Авги“, пренесува МИА.
Вчерашната средба на министрите Коѕијас и Димитров со медијаторот Нимиц во Виена траеле од 09.30 до 16.40, наведува грчката новинска агенција АНА-МПА. За време на средбата, Димитров, Коѕијас и Нимиц, имале и заеднички работен ручек.
Од Виена, Коѕијас се врати во Атина, а Димитров замина за Софија.
Ново на Сител
-
Николоски: Со Велика Британија сериозно сме посветени на реализација на Договорот Влада со Влада
-
ЦУК: Координативен состанок со надлежните институции за подготвеност во зимскиот период
-
Вонредни инспекции во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради несобирањето на ѓубрето во Скопје
-
Кривична за пироман од Скопје, опожарил патничко возило во Кисела Вода
-
69-годишник од гостиварско излетал од патот со автомобил и починал на лице место
-
Кривична за управител на угостителски објект, ја тргнал налепницата и пломбата поставена од Државен пазарен инспекторат
-
Најскапиот стан во Центар продаден за 280 000 евра
-
Јаневска и Андоновски на средба со Захариева: Македонија се фокусира на науката и иновации и добива зголемена поддршка од програмите на ЕУ