Можеби нема грешка во случајот со родилката во Струга, вели Ивановска
Претседателката на Антикорупциската комисија за случајот со родилката од Дебар, која остана без три органи, бубрег, матка и јајник во гостувањето на Сител вели дека нејзината институција не може да постапи за предметот, бидејќи Јавното обвинителство работи на негово расветлување.
Меѓутоа, таа постави неколку дилеми во јавноста за случајот, со оглед на тоа што Лекарската комора при стручниот надзор не утврди никаква докторска грешка од страна на директорот на струшката болница, д-р Мухамед Асани.
-Се прашувам, прво, што гарантира на докторот? Еве, Лекарската комора не утврди грешка. Па може и нема грешка, има намера, има лоша намера. Тоа е сѐ смислено и немарно направено. Не може некој да влезе и да излезе без органите. Ќе го повторам прашањето: Што гарантира лиценцата? Дали лиценцата на еден доктор гарантира дека тој е стручен, професионален и оти тој обезбедува сигурност и безбедност на пациентот? Па сега после вакви настани колку пациентите ќе бидат безбедни и да одат во болница и после анестезија, кога ќе се разбудат ќе бидат со сите органи? Навистина ова нема никаква логика, нема никаква смисла, вели Ивановска.
Вели дека е најважно е што точно вештачела Лекарската комора во случајот.
-Дали само породувањето? Дали вадењето на органите настанало после тоа? Можеби тие го земале, правиме претпоставки, делот само за породувањето – ја примиле, ја породиле и тука завршил процесот. Можеби отстранувањето на органите е после тоа настанато? Дали тие го земале целиот процес од влегување до излегување од болницата?, прашува Ивановска.
Според претседателката на ДКСК, Асани не бил лојален на институцијата со која раководи бидејќи имал сопствена илегална ординација во сопствениот дом.
-Кој нас ќе не увери дека не си ги префрла пациентите во дивата ординација? Тој не заслужува да биде раководител на таа институција и овој дел има судир на интереси и може да се вклучи нашата Комисија, вели Ивановска.
Ново на Сител
-
Експерти: Одговорноста за правосудството треба да се бара во индивидуалните постапки на дел од судиите
-
Тема на денот со Арбен Таравари
-
Амбасадорите подготвени да соработуваат со Мицкоски за судските реформи
-
Советот на обвинители не сака распуштање, Мицкоски вели срамно е да се има доверба од 2%
-
268 матуранти паднаа на државната матура
-
Кој ќе одговара за скапо платените и некористени акцеларатори за малигно болни кои ќе завршат во отпад?
-
ЕпсоТех инвестира 20 милиони евра - Ќе бидат вработени 110 луѓе
-
„Да ги пуштиме нозете колку ни е долга чергата“ рече Мицкоски за барањето 450 евра минималец